Чешката Влада донесе одлука за ограничување на цените на електричната енергија и гасот, со цел да ги заштити домаќинствата од растечките цени на пазарот, информираше премиерот Петр Фијала.
Како и други европски земји, Чешка одлучи да ги заштити граѓаните и компаниите од растот на цените на пазарот во период на намален проток на руски гас во Европа, како последица на руската агресија врз Украина и европските санкции против Москва.
Чешката Влада најави дека ќе се погрижи националниот план, што мора да биде потврден од парламентот, да оди заедно со паневропското решение што го подготвуваат Европската комисија (ЕК) и земјите членки.
Ја гарантираме висината на цените, сите ќе знаат колку ќе плаќаат, ќе биде невозможно некој да плати многу поскапо од минатата година – истакна Фијала на прес-конференција.
Цените на електричната енергија за домаќинства ќе се ограничат на шест чешки круни или 0,24 евра по киловат час и три круни за гас. Овие цени ќе важат од ноември.
Во среда, како што појасни Фијала, ќе се знае и решението за високите цени на енергентите за индустриски субјекти.
Чешките цени на електрична енергија, а во нив вклучени и даноците, ќе бидат околу 200 евра за мегават час, што е ниво на цените споменати во предлогот на ЕК за цените на енергенсите што не се на гас.
Владата ќе овозможи и јавниот сектор, меѓу другото и болници, општини, училишта, да имаат гарантирани цени на енергенсите.
Според министерот за финансии Збинек Станјура, ограничувањето на цените ќе ја чини државата околу 130 милијарди круни идната година. Пакетот мерки ќе се финансира со дополнителни даноци за секторот за производство на енергија, рафинериите за нафта, банките, како и трговците со гас и електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.