Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, порача дека на Турција не ѝ е потребна ничија дозвола за да спроведе воени офанзиви против осомничени курдски милитанти во Сирија.

Ние разменивме идеи, но, ние никогаш не сме прашале, ниту бараме дозвола од некого за нашите воени операции против групи кои се закана за Турција – појасни Чавушоглу.

Изјавата на Чавушоглу доаѓа два дена по Самитот во Техеран, каде што Русија и Иран се спротивставија на предлогот на Турција за нова воена операција во северна Сирија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.