Cеверна Кореја ја пушти во употреба својата прва „тактичка нуклеарна подморница“, која ќе биде дел од флотата што патролира во водите меѓу Корејски Полуостров и Јапонија.

Како што објавија севернокорејски државни медиуми, лидерот Ким Џонг-ун, кој присуствувал на лансирањето, истакнал дека итна задача е да се вооружи морнарицата со нуклеарно оружје и ветил дека ќе во морнарицата ќе бидат распоредени повеќе подморници и бродови опремени со тактичко нуклеарно оружје.

Ким најави дека Cеверна Кореја планира да ги претвори своите постоечки подморници во ударни подморници вооружени со нуклеарно оружје и да го забрза процесот што треба да доведе до изградба на подморница на нуклеарен погон.

Засега не е познато со какви проектили ќе биде вооружена новата подморница. Cеверна Кореја тестираше голем број балистички ракети лансирани од подморници (СЛБМ) и крстосувачки ракети лансирани од подморница. Исто така, не е јасно дали земјата целосно ги развила намалените нуклеарни боеви глави потребни за монтирање на такви ракети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.