Британските разузнавачи, во својот дневен извештај за ситуацијата во Украина наведуваат дека „засилената кампања за заземање на Азовстал и ставање крај на освојувањето на Мариупол веројатно е поврзана со претстојната прослава на Денот на победата на 9 мај, односно желбата на Владимир Путин да постигне симболичен успех во Украина“.
Овој обид скапо ја чини Русија во однос на работна сила, опрема и муниција. Се додека украинските сили даваат отпор во „Азовстал“, руските сили ќе продолжат да акумулираат загуби, што ќе има последици за нивните оперативни планови на југот на Донбас – се вели во извештајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.