Силна експлозија го потресла центарот на Мадрид, при што се оштетени три ката од зграда во луксузениот дел од градот – Саламанка.

Засега не се знае дали има повредени или настрадани, а локалните медиуми наведуваат дека меѓу урнатините има затрупани луѓе.

Во близина на местото на експлозијата има две училишта.

Во јануари минатата година, во една зграда во Мадрид се случи експлозија во која загинаа четири лица, а 10 беа повредени, а дел од зградата се урна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.