Министерството на својот официјален профил на Твитер објави мапа со распоредот на воените сили на Руската Федерација, на која е прикажан наводниот можен план на Кремљ за инвазија на Украина.
Не видовме докази дека руските војници се повлекуваат од пограничните области на Украина, соопшти Министерството.
Русија задржува значително воено присуство, се додава, со кое може да изврши инвазија без предупредување.
Велика Британија верува дека речиси половина од руските сили што се собраа во близина на Украина сега се наоѓаат на педесетина километри од границата, за разлика од изјавите од Москва дека нејзините сили се враќаат назад во касарните.
Во процес на пристигнување е засилување од 14 баталјони, додадоа официјалните лица, притоа истакнувајќи го понтонскиот мост што набрзина беше поставен во Белорусија во изминатите неколку дена, како пример за невообичаена воена активност.
Во видеозаписот на прашањето „Зошто претседателот Путин сака војна“ се вели дека шефот на руската држава ја гледа Украина како тампон-зона во однос на НАТО и дека смета дека земјата е културен и историски дел од Русија.
Со тоа не се прифаќа Украина како независна држава, но таа е независна држава.
Путин, се додава во видеото, не е среќен поради аспирациите на Украина за влез во НАТО и сака да ја врати под руска контрола.
INTELLIGENCE UPDATE: We have seen no evidence that Russian forces are withdrawing from Ukrainian border regions.
Russia retains a significant military presence that can conduct an invasion without further warning. pic.twitter.com/qTYrItLxCf
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) February 17, 2022
Понатаму, Русија распредели „огромен број“ војници долж границата со Украина, а британски разузнавачки извори наведуваат дека Русија продолжува „рапидно“ да ја зголемува својата воена моќ.
Руските сили се распространети од анектираниот Крим, преку западна и југозападна Русија, до Белорусија.
Британските разузнавачки извори укажуваат и на „абнормална активност на руската воена морнарица“, од вежби во Северен Атлантик, Балтичко Море и Средоземно Море.
Во понатамошната воена анализа се проценува дека украинската северна граница е во центарот во однос на позициите на руските воени сили, што е „директна закана за главниот град Киев“.
Се заклучува дека инвазијата би можела да почне за неколку дена, а на графиката е дадено можното движење на руските воени сили.
INTELLIGENCE UPDATE: Russia retains a significant military presence that can conduct an invasion without further warning.
Below demonstrates President Putin’s possible axis of invasion. He still can choose to prevent conflict and preserve peace. pic.twitter.com/QHRM1wNwJG
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) February 17, 2022
Ако претседателот Путин избере војна, „значителен број“ луѓе „ќе загинат за да го добијат тоа што тој го сака“. Но претседателот Путин сѐ уште може да избере мир. Тој може да избере дипломатија и да ги деескалира тензиите. Може да избере превенција на конфликти, вели британското Министерство за одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.