Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, изјави дека е залуден секој обид да се доведе во прашање договорот меѓу Белград и Приштина од Охрид, дека тој мора да се спроведе и дека нема простор за избор.

Пред почетокот на дводневниот самит на ЕУ, тој пред новинарите изјави дека тоа е целина која како таква мора да се спроведе на сеопфатен начин и дека ЕУ внимателно ќе следи кој го спроведува, а кој не.

Би ги советувал да не посочуваат кон никого, туку да си ја работат својата работа – рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.