Во следните две години европските земји ќе можат да ги прекинат испораките на руски гас, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во интервју за „Скај Њуз Арабија“.

Борел наведе дека европските земји „се трудат да ги диверзифицираат изворите на гас за Eвропа“ и „да ја намалат зависноста од руските енергетски суровини, но не и да ги забранат“. Шефот на европската дипломатија, исто така, истакна дека Европската унија „се стреми да формира специјална армија за да се спротивстави на заедничките предизвици“.

Според Борел, Европа во моментов се соочува со невиден бран бегалци од Украина. Тој додаде дека овој товар „ќе го споделат сите земји во Европа“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.