Русија размислува да го прифати биткоинот како валута со која „пријателските“ земји би можеле да плаќаат за нафта и гас, изјавил претседателот на Комитетот за енергетика на Државната дума на Русија, Павел Завални, пренесува „Би-Би-Си“.

Претходно оваа недела, рускиот претседател Владимир Путин, соопшти дека Русија ќе бара пд  „непријателските“ земји да плаќаат за нејзиниот гас во рубљи, што ќе ја зајакне руската валута, која изгуби повеќе од 20 отсто од својата вредност оваа година.

Санкциите што ги воведоа Велика Британија, САД и Европската Унија, ја оптоварија руската рубља и ги зголемија цените.

Завални истакнал дека Кина и Турција се меѓу „пријателските“ земји кои „не биле вклучени во притисокот на санкциите“.

Долго време ѝ предлагаме на Кина да се префрли на порамнување во национални валути за рубли и јуани – вели Завални, додавајќи дека во случајот со Турција тоа би биле лири и рубли, но и дека можат да тргуваат со криптовалути.

Аналитичарите велат дека Русија може да има корист од усвојувањето популарна криптовалута, и покрај ризиците.

Русија брзо го чувствува влијанието на санкциите без преседан – вели Дејвид Бродсток, висок истражувач во Институтот за енергетски студии во Сингапур.

Според него, има потреба од зајакнување на руската економија и на многу начини биткоинот се смета за средство за висок раст. Сепак, еден од главните „пријателски“ трговски партнери за Русија е Кина, која забранува употреба на криптовалути, што јасно го ограничува потенцијалот за плаќања со биткоини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.