САД се повеќе ги привлекуваат европските фабрики погодени од зголемените цени на енергијата и најбрзиот циклус на зголемување на каматните стапки во историјата на еврото, пишува „Блумберг“.
Како причина за таквиот тренд, пуибликацијата наведува дека САД имаат поевтина струја, не се плашат да ги подигнат трговските бариери за кинескиот увоз и можат да понудат низа деловни стимулации, вклучувајќи го и Законот за намалување на инфлацијата.
Швајцарскиот производител на соларни панели „Meier Burger Technology AG“ ја преместува својата фабрика од Германија во САД, избегнувајќи банкрот. Во Америка компанијата може да добие даночни олеснувања во вредност од 1,4 милијарди долари.
Ако сè оди според планот, продажбата на компанијата би можела да порасне 7 пати до 2026 година“, вели аналитичар на „Блумберг“.
ЕУ направи различни обиди да имплементира механизам за поддршка на бизнисот, но сите беа неуспешни. Како што пишува „Блумберг“, во ЕУ не е создадено ништо споредливо по ефикасност со американската ИРА.
САД продолжуваат да имаат корист од колапсот на европската економија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.