И покрај западните санкции, приходите на Русија од нафта и гас во февруари се зголемиле за 80% во однос на минатата година.
Како што пишува „Блумберг“ приходите на Русија од продажбата на јаглеводороди надминале 10 милијарди долари благодарение на поскапувањето на руската нафта, што се случува и покрај санкциите од Западот. Даноците на нафтата и нафтените деривати, кои сочинуваат 84% од сите приходи од нафта и гас, се зголемени повеќе од двојно.
Официјална Москва го ограничи влијанието на плафонот на цените (земјите од Г7 поставија плафон од 60 долари за барел) користејќи огромна флота танкери во сенка и работејќи со незападни купувачи, посредници и даватели на услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.