Соочени со големиот политички отпор за понатамошна помош за Украина, американската влада сега користи економски аргументи за кампања за понатамошна поддршка за Киев, јавува денеска германската новинска агенција ДПА.

По вчерашниот состанок со неговиот британски колега Дејвид Камерон во Вашингтон во американскиот државен секретар Антони Блинкен рече:

Ако ги погледнете инвестициите што ги направивме во одбраната на Украина за да се справиме со оваа агресија, 90 отсто од безбедносната помош што ја обезбедивме всушност е потрошена овде, во САД, со нашите производители.

Блинкен нагласи дека ова „создаде повеќе американски работни места, поголем раст во нашата сопствена економија“.

– Ова е во прилог на важноста на поддршката за Киев за глобалната политика и националната безбедност на САД, додаде Блинкен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.