Државниот секретар, Ентони Блинкен, денеска во ОН ја обвини Русија за создавање на една од најсериозните безбедносни кризи во Европа по Втората ветска војна, како и за сериозно нарушување на меѓународниот поредок создаден во изминатите 70 години.

-Не сум овде да започнам војна, овде сум да спречам, изјави тој на итна седница на Советот за безбедност на ОН.

Блинкен ги повтори тврдењата на администраицијата дека Русија „произведува” провокации преку специјални операции, за да се фрли вината на Украина како причина да почне војна.

-Ова се случува пред нашите очи, и пред целата меѓународна јавност. Додека од нивна страна се покажува привид на дипломатија и мелодрама, тие натрупаа над 150.000 војници на границата со Украина, изјави Блинкен.

Тој рече дека Русија сѐ уште има избор да се посвети на дипломатијата.

-Дипломатијата е единствен начин да се реши оваа криза и тоа со спроведување на договорот од Минск. Украина и нормандската тројка се подготвени да се спроведеат тие договори.

Го повика неговиот руски колега Сергеј Лавров на уште нова средба и укажа дека му испратил писмо за тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.