По речиси половина година ниска вредноста, водечките криптовалути почнаа да добиваат на цена, а Биткоинот надмина 20.000 долари.

Најголемата и најпозната криптовалута на светот, Биткоин, порасна за 4,6 проценти на 20.853 долари, додавајќи 922 долари од своето претходно затворање, пренесува „SEEbiz“.

Криптовалутата порасна за 26,4 проценти во однос на годишната најниска вредност од 16.496 долари од 1 јануари.

Етер, криптовалутата поврзана со блокчејн мрежата Етериум, порасна за 5,91 проценти на 1.536,9 долари, додавајќи 85,90 долари во однос на претходното затворање.

Расположението меѓу инвеститорите се поправа. Според Индексот на страв и алчност, специфична криптометрија која го мери расположението со помош на пет пондерирани извори, чувствата на вложувачите за пазарот достигнале највисоко месечно ниво.

Цената на Биткоинот сега е до психолошки важното ниво од 21.000 долари и многу аналитичари и трговци ги изнесуваат своите размислувања за тоа кога цената на Биткоин би можела да почне да расте повеќе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.