Американскиот мултимилијардер, Бил Гејтс, изјави дека првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил дека тој станал средство за дезинформации и „луди идеи“.
Според него, тој признава дека така размислувале луѓето кои ја почнале дигиталната револуција, меѓу кои бил и тој.
Основачот на Мајкрософт очекувал дека Интернетот ќе ги наведе луѓето да бараат информации и да бидат поодговорни. Како што вели, очекувал да се отвори сократска дебата на Интернет.
Сепак, тој смета дека се случило спротивното од очекуваното, односно интернетот станал средство на луѓето со „луди идеи“.
Имаше многу од нив (луѓе со „луди идеи“). Тие порано, едноставно не се наоѓаа еден со друг, а сега со дигитални алатки велат: „О, и ти веруваш во таа лудост? И јас. Ајде да се собереме и да имаме критична маса на луди луѓе. Да се наречеме QAnon (прекар за теоретичарите на заговор), нагласи Гејтс.
Тој се надева дека младите генерации ќе бидат доволно креативни за да го решат проблемот со дезинформациите.
Гејтс изјави дека го поддржува регулирањето на вештачката интелигенција и смета дека е глупаво да се бориме против вештачката интелигенција, за која вели дека може да го намали недостигот на работна сила и да го направи светот побогат, пренесува „Бизнис инсајдер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.