Море од луѓе стои пред Бакингемската палата по веста за смртта на кралицата Елизабета Втора, јави Би-Би-Си.

Шила Де Белаг е целосно шокирана. 77-годишната жена од Лондон вели: „Се чувствувам многу тажно бидејќи сите се тука. Не знаев додека само не го видов знамето на половина копје“, пренесува Би-Би-Си. Опишувајќи ја кралицата со еден збор, таа вели: „Столб! Таа додава: „Таа беше прекрасна кралица и многу ќе нѝ недостига“.

Мајкл Хамонд, исто така, дознал за веста кога видел дека знамето е спуштено на половина копје. 23-годишникот од Саутемптон вели: „Апсолутно сум скршен. Мислам дека таа го отелотворува британскиот дух“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.