На бензинска пумпа во германскиот град Рајхензахсен, стотици возачи точеле погрешно гориво во своите автомобили, по што следело масивно расупување на горивата. Како што јавуваат германските медиуми, на бензинската пумпа очигледно биле сменети контејнерите за дизел и за бензин, по што сè  повеќе возачи изминатата недела побарале помош од мајстор.

Откако станало јасно дека возилата се расипале поради горивото, бензинската пумпа ја потврдила грешката, пишува магазинот „Феникс“.

На наше големо жалење, по интензивен преглед, мораме да утврдиме дека мешањето на горивото на бензинската пумпа во Рајхенсаксен е предизвикано по грешка на добавувачот, потврдија компаниите.

Сите клиенти кои наполниле Super E5 и дизел помеѓу понеделник наутро (28 август) и среда попладне се погодени од ова прашање.

Како што пренесуваат медиумите, сè уште не е разјаснето кој ќе ја плати настанатата штета на возачите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.