Израелскиот премиер значително го кренал гласот во комуникација со шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок. Причина за „неконтролирано агресивниот“ настап на Нетанјаху биле зборовите на германската министерка за гладот што владее во Појасот Газа.
Како што пренесува израелскиот „Канал 13“, Бербок го поканила израелскиот премиер да ги погледне фотографиите на палестинските деца кои умираат од глад. Како одговор, Нетанјаху и одговорил да види фотографии од пазарите и плажите во енклавата, со што имплицирал дека таму има многу храна.
Бурбок рекла дека таквите слики не се вистинити, по што, Нетанјаху ги загубил нервите.
Ова не е како она што го исценираа нацистите! Ние не сме како нацистите, кои создаваа измислени слики на лажна реалност“, извикал Нетанјаху.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.