Белата куќа ја појасни изјавата што американскиот претседател Џо Бајден ја даде претходно, истакнувајќи дека американскиот претседател во моментов не планира да разговара со Владимир Путин за украинското прашање.
„Тој нема намера да разговара со Путин во овој момент“, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа. „И како што (Бајден) исто така рече, Путин не покажа апсолутно никаков интерес за каков било вид дијалог – токму спротивното, всушност“, им рече тој на новинарите.
Џо Бајден во четвртокот изјави дека е „подготвен да разговара со Путин доколку се обидува да најде начин да стави крај на војната“, истакнувајќи дека рускиот претседател „сè уште не го сторил тоа“.
„Да беше така, во договор со Французите и пријателите во НАТО, би бил среќен да седнам со Путин и да видам што има на ум. Тој сè уште не го сторил тоа“, додаде тој на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.
Овие изјави сугерираат дека Вашингтон е отворен за дијалог со Кремљ за војната во Украина, но Москва очигледно го отфрли предлогот во петокот, сфаќајќи дека тоа вклучува заминување на руските сили од Украина, за што Русија не размислува, објаснува Франс прес.
Кирби, исто така, негираше дека САД го повикуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги продолжи преговорите со Москва.
„Претседателот воопшто не рече дека е време за преговори“, рече тој.
„Војната можеше да заврши денес без преговори, доколку Путин го направеше она што требаше да го направи и ја напушти Украина. Неговите сили немаат што да прават таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.