Американскиот претседател Џо Бајден вчера за време на говорот во Колорадо изјави дека неговиот син Бо го загубил животот во Ирак.
Го кажувам ова како татко на човек кој освои Бронзена ѕвезда, медал за истакната служба и го загуби животот во Ирак – рече Бајден, пренесе Фокс њуз.
Синот на Бајден почина во 2015 година од рак на мозокот.
Во 2019 година, Бајден изјави дека верува дека неговиот син се разболел во Ирак и подоцна умрел.
Мислам дека е така, сè уште не можам да го докажам тоа. Бо се врати од Ирак со глиобластом во четврта фаза. Живееше 18 месеци знаејќи дека ќе умре – рекол Бајден во 2019 година.
Фокс њуз побарале појаснување и коментар од Белата куќа во однос на оваа нова изјава на американскиот претседател.
Joe Biden falsely claims his late son Beau “lost his life in Iraq.”
Beau died of brain cancer. pic.twitter.com/gEfXZOdiys
— Wendell Husebø (@WendellHusebo) October 12, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.