Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека САД и НАТО не биле вклучени во краткотрајниот бунт на платеничката група Вагнер во Русија.
Во својата прва реакција на бунтот, тој рече дека е „премногу рано“ да се процени какво влијание ќе има врз војната во Украина, пренесува АП.
Јасно ставивме до знаење дека не сме вмешани. Немавме никаква врска со тоа. Ова беше дел од борбата внатре во рускиот систем, рече Бајден, додавајќи дека сојузниците работат на тоа да не му дадат „на Владимир Путин никаков изговор за бунтот да ги обвини Западот или НАТО“.
Американскиот претседател изјави дека имал долг разговор со својот украински колега Володимир Зеленски и дека можеби ќе се слушне повторно во текот на денот.
Му реков дека без оглед на тоа што се случи во Русија, САД ќе продолжат да ја поддржуваат одбраната на Украина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, рече Бајден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.