Американскиот претседател Џо Бајден вели дека стравува оти за Владимир Путин нема излез од војната во Украина.

Вчера говорејќи во Вашингтон Бајден го опиша рускиот претседател како „многу пресметлив човек“, но без стратегија за излез.Тој рече дека Путин погрешно верувал дека инвазијата на Украина ќе ги растури НАТО и Европската унија.

Но, оти наместо тоа, САД и многу европски земји всушност се собраа на страната на Украина и станаа пообединети.

Претседателот Владимир Путин вчера го одбележа Денот на победата на Русија со инсистирање дека руските сили во украина се превентивен потег за да се спречи агресија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.