Русија не планира проактивно да ги затвори своите амбасади во Европа како одговор на „непријателските мерки“ на Западот и проширувањето на санкциите против Москва, објави новинската агенција РИА, цитирајќи го заменик-министерот за надворешни работи.

Тоа не е во нашата традиција. Сметаме дека работата на дипломатските претставништва е важна, изјави за РИА заменик-министерот за надворешни работи Александар Грушко.

Рускиот амбасадор во Полска беше полеан со црвена боја додека одеше да положи цвеќе на советските воени гробишта во Варшава, како дел од одбележувањето на 77-годишнината од победата над фашизмот.

Москва потоа испрати силна протестна нота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.