Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека Русија „скапо ќе плати“ доколку употреби хемиско оружје во Украина, велејќи и дека сака да избегне директна конфронтација меѓу НАТО и Москва бидејќи тоа ќе предизвика Трета светска војна.

Русија скапо ќе плати ако употреби хемиско оружје во војната против Украина, рече американскиот претседател во говорот во Белата куќа.

Тој одби да ги даде информациите што ги имаат американските разузнавачки служби за ова прашање, но го отфрли директното влегување на САД во конфликтот.

Нема да водиме Трета светска војна против Русија во Украина, нагласи тој, додавајќи дека војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина „никогаш нема да биде победничка“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.