Американскиот претседател Џо Бајден ѝ нареди на американската војска да ѝ помогне на одбраната на Израел од иранските напади и во соборувањето на проектилите што го гаѓаат Израел, соопшти Белата куќа, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Бајден и потпретседателката Камала Харис го следат иранскиот напад врз Израел од Собата за ситуации во Белата куќа и редовно добиваат ажурирања од нивниот тим за национална безбедност, додава Белата куќа, пренесува израелскиот медиум.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.