Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска телефонски разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц за ситуацијата во Украина, енергетските пазари и подобрувањето на стабилноста на Западен Балкан, соопшти Белата куќа.

Бајден и Шолц разговарале за притисокот од санкциите врз Русија, помошта за Украина и ситуацијата на енергетските пазари.

Нагласено е дека лидерите на двете земји конкретно ја изразиле својата „заложба да ја повикаат Русија за одговорност за нејзините брутални дејствија и да обезбедат безбедносна и економска помош за Украина“.

„Лидерите разговараа и за неодамнешните случувања на глобалните енергетски пазари и важноста од обезбедување на одржливо и достапно снабдување со енергија. Дополнително, се разговараше за напорите за подобрување на регионалната стабилност и просперитет на Западен Балкан“, се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.