Mораме да пристапиме кон мирни преговори за ставање крај на војната во Украина. Сегашната американска администрација продолжува да го „пумпа“ Киев со оружје. Можеби Бајден сè уште не добил инструкции да бара мир.

Ова го изјавил поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во интервју за „Вистински глас на Америка“. Трамп смета дека глупавата реторика на претседателот Бајден го натерала Путин да испрати трупи во Украина.

– Нашата земја и нашето таканаречено раководство го исмеваа Путин. Реториката беше толку глупавa. Речиси и да го натераа да ја почне војната – изјавил Трамп, уверуваjќи дека до војната не би ни дошло да бил тој претседател.

Пред своите поддржувачи во Невада, Трамп порачал дека е неопходно итно да почнат преговори за прекин на конфликтот во Украина, зашто во спротивно, како што изјавил, кризната состојба може да прерасне во Трета светска војна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.