Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа пред полноќ му ја честита победата на Реџеп Таип Ердоган и повторниот избор за претседател на вториот круг избори во Турција.
Со нетрпение очекувам продолжување на заедничката работа како сојузници во НАТО, во однос на билатерални прашања и општите глобални предизвици, напиша американскиот претседател на Твитер, не напоменувајќи за неодамнешните тензии меѓу Вашингтон и Анкара.
Државниот секретар Ентони Блинкен исто така го поздрави Ердоган, нарекувајќи ја Турција „ценет сојузник и партнер во НАТО“.
Со нетрпение очекувам продолжување на нашата заедничка работа со владата избрана од турскиот народ, напиша тој на Твитер денеска.
Блинкен исто така високо ја оцени излезноста на гласачите во неделата и „дамнешните демократски традиции“ на Турција.
Во изминатите години односите меѓу САД и Турција се усложнија, вклучително и поради репресиите врз неистомислениците на Ердоган, воените операции во Сирија и тесните врски меѓу Анкара и Москва, па дури и по инвазијата на Русија во Украина. Исто така и поради пречките што Анкара ги прави во процесот за членство на Шведска во НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.