Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ги потпиша инструментите за ратификација на пристапните протоколи во НАТО за Република Финска и Кралството Шведска.

По овој повод, државниот секретар Ентони Блинкен ги повика и преостанатите земји-членки на Алијансата да ги ратификуваат протоколите.

Задоволни сме со брзиот прогрес Финска и Шведска да станат сојузници во НАТО. Постои силна, сојузна и двопартиски поддршка за апликациите за членство на Финска и Шведска, и се надевам на нивно брзо влегување во најсилната одбранбена алијанса во историјата, изјави Блинкен.

Тој додаде дека НАТО останува посветено и на својата политика на отворени врати и на јакнење на билатералната одбрана и соработка во безбедноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.