Автобус полн со деца се преврте во близина на градот Олпа во западна Германија, при што 27 од нив се повредени, објави денеска германскиот весник „Билд“.
Според пишувањето на весникот, автобусот превезувал деца од на возраст од 15-17 години од Марбург во Англија, а имало и возрасни лица кои ги придружувале. На автопатот А45 автобусот наеднаш излетал од патот и се превртел.
Во несреќата повредени се вкупно 27 тинејџери, од кои четворица потешко, а полесно е повреден и возачот на автобусот (54 години).
Полицијата соопшти дека засега нема информации за причината за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.