Австрија, за разлика од САД и други земји, не планира да ги повлече своите набљудувачи во мисијата на ОБСЕ во источна Украина.

Како што персоналот на Амбасадата останува во Киев, така Австрија ќе продолжи да ја поддржува Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, соопшти австриското Министерство за надворешни работи.

Мисијата на ОБСЕ е воспоставена во март 2014 година, кога Русија го анектираше Крим и откако проруските сили ја презедоа контролата врз источните региони Доњецк и Луганск. Задачата на набљудувачите е да го надгледуваат примирјето меѓу украинската армија и проруските сили.

Австрија има 12 набљудувачи во мисијата на ОБСЕ, која е составена од околу 680 членови од 43 земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.