Владината коалициска партија на Социјалистите во Белгија најави дека сака укинување на ковид сертификатот за внатрешна употреба, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова утрово во интервју за радиото БЕЛ РТЛ го изјави претседателот на Социјалистичката партија, Пол Мањет.

Моментално во Белгија за влез во угостителски објекти, културни настани и други локали е потребен ковид пас, што потврдува дека лицето е или целосно вакцинирано или прележало Ковид-19 во последните четири месеци.

Мањет порача дека од март Белгија треба да го укине овој сертификат. Бројни епидемиолози и научници одамна предупредуваат дека сертификатот не спречува ширење на инфекцијата, бидејќи таа најмногу се пренесува на места каде не е потребен овој сертификат, како што се училиштата и работните места.

Коалицискиот владин партнер сепак оцени дека сертификатот треба да продолжи да важи за патување во странство и доаѓање од странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.