Mинистерот за финансии Австрија, Магнус Брунер, порачува дека официјална Виена ги прифаќа сите други санкции против Русија, освен целосно ембарго за увоз на гас.
Забраната за руски гас потешко ќе ја погоди Австрија отколку Русија. Кога санкциите ќе ве погодат посилно отколку оној за кого се насочени, мислам дека тоа е малку корисно – изјави министерот за финансии за „Си-Ен-Ен“.
Претходно, шефот на француското Министерство за финансии изјави дека прашањето за ембаргото за гас во ЕУ се уште не е на дневен ред, бидејќи тоа ќе доведе до прекин на сите економски и социјални активности во голем број земји од ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.