Во Австрија е на сила ново правило за карантин за лица кои биле во контакт со заразени лица и не се целосно имунизирани. Овие луѓе повеќе не мора да бидат ставени во карантин, но имаат други ограничувања.

Така, тие мора да носат маска FFP2 кога се во контакт со други луѓе, и внатре и на отворено. Забрането им е да посетуваат ресторани, дискотеки или фитнес клубови, места каде што не е можно да се носи маска. Им е забрането да одат на поголеми настани, како концерти, спортски натпревари и слично.

Меѓутоа, со маската можат да одат на шопинг, на работа. Оваа промена во правилата за карантин беше објавена минатата недела и сега стапи на сила. Интересно е да се препорача луѓето кои биле во контакт со заразени лица да ја носат маската FFP2 во приватна средина, доколку не се сами. Што се однесува до целосно имунизираните лица кои биле во контакт со заболените, за нив нема карантин или дополнителни мерки.

Се очекува министерот за здравство дополнително да ги ублажи правилата за карантин за заразениот персонал во болниците и установите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.