Околу 10 Авганистанки накратко протестирале во Кабул поради одлуката на талибанските власти да мора да се носат бурки на јавно место.
Собраните жени со непокриени лица, кои извикувале слогани против носењето бурка, успеале да поминат 200 метри пред да бидат спречени од талибанските безбедносни сили.
Талибанците мирно го прекинале протестниот марш и им рекле на собраните новинари да се разотидат.
Властите во Кабул во саботата наредија дека сите жени во Авганистан мора да носат бурка на јавни места.
Сличен декрет беше во сила за време на претходното владеење на Талибанците од 1996 до 2001 година.
Талибанците претходно одлучија девојчињата да можат да одат на училиште само до шесто одделение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.