Авганистанските власти, два дена по големиот земјотрес, ја прекинаа потрагата по преживеани.

На 22 јуни земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди југоисточниот дел на Авганистан, при што загинаа повеќе од илјада луѓе, а најмалку 1.500 се повредени.

Сè уште не е познато колку луѓе се останати под урнатините, поради што се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем.

Според властите, во земјотресот делумно или целосно се уништени околу 10.000 куќи.

Од земјотресот најпогодена е авганистанската југоисточна покраина Пактика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.