По повеќедневните насилства низ Еквадор, демонстрантите се судрија со војниците и со полицајците во главниот град Кито, но и во другите градови низ земјата, при што едно лице е убиено, а десетици се повредени.

Еквадорските домородни народи веќе дванаесет дена протестираат низ Еквадор, со барање до владата да ги намали цените на горивата, да воведе контрола врз цените на храната и повеќе да инвестира во образованието.

Конфедерацијата на домородни народи, која гi организираше протестите, соопшти дека едно лице починало од прострелни рани здобиени додека протестирало во близина на Националното собрание.

Властите признаа дека едно лице е убиено, а министерот за внатрешни работи изрази револт поради полициското однесување. Тој истакна дека владата не и одобрила на полицијата никаква употреба на оружје со смртоносна муниција и дека тие носеле само солзавец за да ги растераат демонстрантите.

Волонтер болничар, за американските медиуми вели дека на околу 100 лица им била укажана медицинска помош поради повреди на местото на протестот, вклучително и демонстранти, војници и полицајци.

Демонстрациите се дел од поширокиот национален штрајк, што Конфедерацијата на домородни народи го почна на 14 јуни и со него бара намалување на цените на горивата, воведување контрола на цените на земјоделските производи и усвојување поголем буџет за образование.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.