Главниот град на Германија, Берлин се соочува со многу проблеми поврзани со криминал предизвикан од муслимански банди. Според поратлот „Берлин Спектејтор“, членовите на муслиманска (арапска) мафија се одговорни за многу криминални дела, вклучително и убиства.
Арапската мафија дејствува низ цела Германија, но најмногу во Берлин, каде што повеќето членови на мафијата доаѓаат од Либан или Пакистан, а има и Курди.
Локалните власти објавија извештај за состојбата во 2021 година, во кој се наведуваат голем број криминални дела на овие мафијашки групи. Проблемот при нивното откривање лежи и во тоа што сторителите живеат во етнички изолирани заедници и немаат почит кон германските власти.
Во Берлин 4,25 отсто од населението е со арапско потекло, а третина од нив се германски државјани. Мафијата се состои од 426 членови, од кои 28 се жени.
Кога станува збор за криминалните дела, тие се во опсегот на обичен криминал, банди и организиран криминал. Тие се поврзани со моторџии, обезбедување, боксери и имаат свои бизниси, главно наргиле барови, продавници за накит и компании за изнајмување автомобили.
Лани биле регистрирани 849 кривични дела, од кои пет убиства. Според полицијата, оваа мафија е одговорна и за т.н кокаински такси возила во Берлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.