Американски воен пилот се замозапали пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест против војната во Газа и во моментов е во критична состојба.
Човекот бил пренесен во болница откако пожарот бил изгаснат од припадници на американската тајна служба, соопшти противпожарната служба на Вашингтон.
Портпаролот на американските воздухопловни сили потврди дека во инцидентот бил вклучен активен воздухопловец.
Повеќе нема да бидам соучесник во геноцид, рекол мажот, облечен во униформа, во видео што го емитувал во живо на Интернет, јави „Њујорк Тајмс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.