Три американски воени транспортни авиони денеска со падобрани фрлија 66 пакети со 38.000 оброци за населението во Појасот Газа.

Американските функционери, кои не сакаа да бидат именувани во очекување на официјална изјава, соопштија дека авионите Ц-130 го направиле тоа утрово.

Оваа помош ја најави американскиот претседател Џозеф Бајден вчера откако повеќе од 100 Палестинци кои се обидоа да земат храна од конвој камиони со хуманитарна помош загинаа во метеж и оган што го отворија израелски војници кои го следеа конвојот, а толпата ги загрозила.

Бајден најави дека помошта од воздух ќе биде координирана со Јордан, кој на сличен начин доставува храна во Газа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.