„Фајненшл тајмс“ и „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани американски претставници, објавија дека Русија побарала воена и економска помош од Кина.

„Фајненшл тајмс“ наведува дека Русија уште на почетокот од инвазијата врз Украина побарала кинеско оружје, без да наведе што точно Москва барала од Пекинг.

Весникот наведува дека постојат индикации дека Кина можеби се подготвува да и помогне на Русија.

Истовремено, „Њујорк Тајмс“ објави дека Русија, исто така, бара економска помош од Кина, за да го ублажи влијанието на санкциите.

Досега Кина се обидуваше да се претстави како неутрална во руско-украинскиот конфликт.

Претходно, советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џејк Саливан изјави дека американските власти го предупредиле Пекинг дека ќе има последици доколку Кина се обиде да и помогне на Русија да ги надомести загубите од западните санкции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.