Компанијата „Мета“ објави дека од ноември ќе понуди платени претплати за Европејците за да можат да користат Фејсбук и Инстаграм без да им се појавуваат реклами, јавија француските медиуми.

Од американската компанија сметаат дека на тој начин социјалните мрежи ќе ги исполнат барањата на европското законодавство за лични податоци и насочено рекламирање.

Корисниците во ЕУ, Швајцарија и остатокот од Европската економска област (Исланд, Норвешка, Лихтенштајн) „ќе имаат избор да продолжат да ги користат двете платформи бесплатно, со персонализирани реклами или, пак, да се претплатат за да избегнуваат реклами“, се додава во соопштението на компанија.

Претплатата ќе биде 9,99 евра месечно за Инстаграм и Фејсбук профили на компјутер и 12,99 евра за мобилни апликации на смарт телефоните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.