Патниците кои летаат кон и од Германија сепак ќе мора да носат маски за време на летот и покрај олеснувањето на мерките за епидемијата во Европската унија, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.

Според протоколите, „FFP2“ или медицинските маски мора да се реме на целиот лет. Маските може да се симнат само додека патниците јадат или пијат за време на летот.

Министерството објасни дека правилото за носење маски е во согласност со новите препораки на ЕУ.

Инаку, од денеска EASA и Европскиот центар за превенција и контрола на болести повеќе не предлагаат носење маски на аеродромите и воопшто во авионите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.