Eдно лице загина, а пет се повредени откако мал авион се урнал врз автомобил во движење на мост во Мајами.

Повредените се хоспитализирани, а едно лице од нив е во критична состојба.

Авионот полетал од холивудскиот аеродром и требало да слета на аеродромот Опа Лока во Мајами. Не е јасно зошто тројцата патници патувале од Холивуд до Мајами.

Авионот се урнал на влезниот мост Хауловер во близина на паркот Хауловер околу 12 часот и 50 минути откако моторот престанал да работи, пишува Мајами Хералд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.