Литванскиот претседател Гитанас Науседа на Твитер објави дека од овој месец земјата повеќе нема да увезува руски гас.

Пред многу години мојата земја донесе одлуки кои денес ни овозможуваат безболно да ги прекинеме енергетските врски со агресорот. Ако можеме ние да го направиме тоа, тогаш може и остатокот од Европа, пишува тој.

Министерството за енергетика на Литванија соопшти дека барајќи целосна енергетска независност од рускиот гас, како одговор на моменталната руска енергетска уцена во Европа и војната во Украина, Литванија целосно ја прекина набавката на руски гас и дека литванскиот систем за транспорт на гас работи без увоз на руски гас од почетокот на овој месец.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.