Украина покажува воздржаност кон Белорусија, но ќе возврати ако белоруските војници ја преминат границата и се придружат на руската инвазија, изјави највисокиот украински безбедносен функционер Алексиј Данилов.

Данилов кажа дека Украина е внимателна во односите со Белорусија и покрај тоа што земјата се користи како лансирна платформа за напади на руските авиони на Украина.

Ако еден белоруски војник ја премине нашата граница, ние ќе возвратиме, кажа Данилов, а пренесува Ројтерс.

Претходно Украинскиот државен информациски центар соопшти дека „не може да се исклучи“ белоруска инвазија на Украина денес.

Според прелиминарните податоци, белоруските трупи би можеле да бидат вовлечени во инвазијата на 11 март во 21:00 (19:00 часот по средноевропско време)“, се наведува во соопштението на центарот, кој е формиран во рамки на министерството за култура и информациска политика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.