Штрајкот на вработените во Ајфеловата кула заврши, а кулата повторно ќе биде отворена за посетители, соопшти компанијата Societe d’Exploitation de la Tour Eiffel (SETE), која раководи со една од најпосетуваните туристички атракции во светот.

SETE објави дека со синдикатите „постигнале договор за прекин на штрајкот, со тоа што партиите редовно ќе го разгледуваат бизнис моделот, трошоците за одржување и продажба преку тело кое ќе заседава на секои шест месеци“. SETE додаде дека посетителите кои купиле билети меѓу 19 и 24 февруари ќе добијат рефундирање, пренесува Ројтерс.

Вработените во Ајфеловата кула штрајкуваа од 19 февруари поради начинот на кој со парискиот споменик управува градскиот совет, кој е во сопственост на SETE.

Синдикатите тврдат дека градскиот совет на Париз погрешно ги проценил трошоците за планираното одржување и поправки на споменикот пред Олимпијадата. Париз ќе биде домаќин на овогодинешните Летни олимписки игри, кои започнуваат на 26 јули, а медалите на победниците ќе имаат метал од Ајфеловата кула.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.