Театарскиот и уметничкиот колеџ во Одеса отпуштил 82-годишен професор по музика и историја на уметност поради тоа што на учениците им предавал за музиката на рускиот композитор Пјотр Илич Чајковски.

Според украинските медиуми, наставникот постапил спротивно на наредбата на украинското министерство за култура за бојкот на музиката и делата на Чајковски поради тоа што „руската култура е дел од државната политика на Русија“.

Во меѓувреме, Киевскиот балет е на турнеја со славното дело на Чајковски „Оревокршачка“ во Франција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.