Во врска со вчерашната сообраќајка во Италија, Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим доби информации дека по соодветна лекарска помош за добиените лесни повреди во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто 11 патници, државјани на Македонија во текот на вчерашниот ден беа пуштени дома во добра здравствена состојба.

Додека 12-тиот патник, наш државјанин се наоѓа во болница во Анкона, каде што во текот на денешниот ден ќе има хируршка интервенција за добиените повреди во нога и рака.

Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.