Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) оценува дека Димитар Ковачевски си промовира бомбастични елементи без програма со цел да привле гласачи.

Тој ветува се и сешто, па и членство во ЕУ за 4 години, иако преговорите не се почнати.

 

Но, Ковачевски ветува и претварање на електроенергетскиот систем во акционерски и подделба на акциите на сите полнолетни граѓани, но не кажува дека дел од тој енергетски систем кајо бомбона бизнис е одамна продаден на ЕВН.

 

За глупавото ветување да биде поголемо и да не се открие перфидната измама што ја смислиле, не го открива сопственикот на 51% од акциите, велат од СПМ.

Од партијата додаваат дека Ковачевски го признава тоа што секому е јасно за компаниската нетранспаретност, за превработеноста и ниската ефикаснот во работењето и нерентабилноста.

Моделот за проценка на капиталот и за поделба на акции го нема ама има големи ветувања како шарена лага. Најавува дека граѓаните ќе добиваат дивиденда од компании кои сега работат со загуби.

 

Убаво ветување од неук за неуки.

 

Компании кои се пред затварање, чиј технолошки век е поминат сега ќе се поделуваат без експертиза и проценка колку вредат и колкава ќе биде вредноста на акциите.

 

До гуша во криминал заглавениот СДС претходно ги приватизира најдобрите комапнии по еден поранешен модел, па откако ги ограби работниците и ги претвори во технолошки вишок сега повторно им дава измислена надеж со лажни бескрајни ветувања, без реална основа. По втор пат сака на ист начин да изврши грабеж.

 

Неговата понуда е избор помеѓу лажна надеж, или лага, и безнадежност, или уште поголема лага. Ковачевски со ваквите настапи очекува победа на агентот од службите, променливиот Стево Пендаровски и на кандидатите на СДС за да продолжат со криминалот, крадењето и корупцијата, како до сега и без крај, велат од СПМ.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека доста се ваквите празни зборови на човек кој не е избран на избори и не ги знае очекувањата на граѓаните.

Затоа на изборите мора да победи надежта што ја носи Коалицијата „Твоја Македонија“ со јасна програма и визија каде да се движи и развива Македонија, велат од СПМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.